понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Илон Маск нуди помош во спасувањето на заробените деца во Тајланд

Илон Маск нуди помош во спасувањето на заробените деца во Тајланд

Основачот на компаниите Тесла, Боринг и Спејс X, Илон Маск понуди помош во спасувањето на 12. деца кои веќе полни две недели се заробени во пештера во Тајланд со својот тренер.

Него корисниците на социјалната мрежа Твитер го прашаа дали сака да им помогне, а тој одговори потврдно, не прецизирајќи како тоа ќе го направи.

Овој успешен претприемач и милијардер моментно се бави со пробивање на подземни тунели во големите градови во Соединетите Американски Држави, кои би требало да послужат за неговиот футуристички систем Луп, пишува Бизнис инсајдер.

Маск во последно време е многу поактивен во комуникацијата на Твитер. Во април и мај Маск двојно го бројот на твитови, од кои 80 отсто од нив беа одговори на прашања.

 

Иако не е јасно зошто стана толку активен на оваа социјална мрежа, како што пишува Бизнис инсајдер, постои врска меѓу твитовите и работата на Маск.

Во минатата година Маск на Твитер се обложи со Мајк Канон Брукс од Атласиана дека Тесла може да направи најголема литиум-јонска батерија на светот во Австралија, за 100 дена. Тоа и успеа да го направи. Доколку не го направеше, тоа ќе го чинеше 50 милиони долари или повеќе.

Коронавирус