понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 27
home Вести

Илјадници повици на британска линија против модерно ропство

Минатата година вкупно 3.710 повици од жртви и од јавноста довеле до околу 1.450 упатувања во групи кои се борат против ропство, покажаа податоци на компанијата „Невидени“ која е основач на линијата за помош.
Илјадници повици на британска линија против модерно ропство

Британската линија за помош на жртви на модерно ропство примила илјадници повици во првата година од постоењето и идентификувани се речиси 5.000 потенцијални жртви, соопшти денеска организацијата за борба против трговија со луѓе.

Како што е наведено, потенцијалните жртви најмногу се експлоатираат во авто-перални, на градилишта, во бордели и салони за разубавување.

Минатата година вкупно 3.710 повици од жртви и од јавноста довеле до околу 1.450 упатувања во групи кои се борат против ропство, покажаа податоци на компанијата „Невидени“ која е основач на линијата за помош.

Најмалку 13.000 луѓе ширум Британија биле жртви на присилна работа, сексуална експлоатација и домашно ропство, покажуваат податоци на британската Влада.

Меѓутоа, полицијата истакна дека тој број е далеку поголем и оти достигнува десетици илјади експлоатирани луѓе.

Еден од 10 повици доаѓа од потенцијални жртви на ропство, а половина повици се од луѓе кои се во директен контакт со оние за кои се верува дека се жртви на ропство.

Компанијата „Невидени“ е основана во 2016 година.

(Миа)