четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Илјадници луѓе во Јемен би можеле да починат од колера

Илјадници луѓе во Јемен би можеле да починат од колера

Агенциите за помош предупредуваат дека илјадници луѓе во Јемен би можел да починат од колера, бидејќи се премногу уплашени да побараат лекување во здраствените институции кои се пренатрупани од инфицираните со новиот коронавирус.

Јемен, земја разурната од војна, која се соочува со недостиг на храна, од јануари до април годинава регистрирани се околу 110.000 случаи на колера.

Во изминатите три месеци во Јемен за 50 проценти е намален бројот на луѓе кои побарале здраствени услуги поради стравот од Ковид-19. Во земјата според официјалните податоци со Ковид-19 се инфицирале 1.691 луѓе, од кои 483 починале, но најверојатно нивниот број е многу поголем.

Коронавирус