понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Илјадници Израелци со поддршка за Нетанјаху

Илјадници Израелци со поддршка за Нетанјаху

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тел Авив за да го поддржат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој минатата недела беше обвинет за корупција.

„Нетанјаху, народот е со вас“ и „Не за правосудната диктатура“, се замо дел од транспарентите што ги носеа демонстрантите.

За митингот, прв по поднесувањето на обвинението проти израелскиот премиер, неговата партија Ликуд организираше автобуси од целата земја.

– Кога нашиот премиер е нападнат на сите фронтови, време е да се обединиме и да го  зајакнеме, напиша министерката за култура и спорт Мири Регев на Фејсбук. Таа е блиска соработничка на Нетанјаху и присуствуваше на собирот.

Нетанјаху (70) на 21 ноември беше обвинет за корупција, злоупотреба на службената должност и малверзација во три одвоени случаи.