четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Вести

Илјадници граѓани на улица: Протести во Романија под мотото „Правда, не корупција“

Илјадници граѓани на улица: Протести во Романија под мотото „Правда, не корупција“

Илјадници Романци синоќа излегоа на улиците на Букурешт и други градови во знак на протест поради владиниот указ со кој, спорeд тврдењата на критичарите, се загрозува независноста на обвинителството и се ослабува борбата против корпуцијата.

Пред зградата на Владата во Букурешт се собраа околу 7.000 луѓе, а демонстрантите извикуваа „Правда, не корупција“, „Судии не се откажувајте“ и „Срамота“.

Владата на премиерката Виорика Данчила минатиот вторник усвои закон со кој се ограничуваат овластувањата на генералниот обвинител, и се формира ново тело кое добива дополнителни овластувања.

Европската комисија и американскиот Стејт департмент предупредија дека измените на законот за правосудство ја загрозуваат независноста на правосудството.

Романија постојано се рангира како една од најкорумпираните држави во ЕУ, а Брисел воведе посебни контролни мерки за државата откако стана членка на Унијата во 2007 година. (МИА)