сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Идентификуван напаѓачот од Тексас кој уби седум лица

Идентификуван напаѓачот од Тексас кој уби седум лица

Мажот кој во источен Тексас уби седум, а рани 22 лица, меѓу кои и едно 17-месечно бебе е идентификуван како Сит Ејтор (36), јавија американските медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори.

Полицијата во саботата се обидела го запре Ејтор заради сообраќаен прекршок, а тој почнал да пука, при што на крајот бил убиен.

Полицијата го бркала осомничениот Ејтор речиси 20 километри, за кое време тој пукал на невидено во областите Одеса и Мидленд.

Притоа тој убил седум лица, на возраст меѓу 15 и 57 години.

Властите претходно соопштија дека напаѓачот имал кривично досие, но не изнесоа детали за видот на кривичните дела што ги сторил.

Ова е второ масовно убиство во Тексас во последните четири недели, потсетуваат агенциите, по убиството во Ел Пасо кога загинаа 22 лица.

Овој последен напад е 25-то масовно убиство во САД од почетокот на оваа година, со што е изедначен бројот на вакви убиства за целата мината година, а бројката на жртвите веќе достигна 142, со што е надминат бројот на жртвите од ланската 2018 година.

Коронавирус