петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ИД со ново видео повторно се заканува: Најавуваат крвопролевање на Мундијалот, запалени стадиони и заробен Меси

ИД со ново видео повторно се заканува: Најавуваат крвопролевање на Мундијалот, запалени стадиони и заробен Меси

Исламската држава испрати сериозни закани до рускиот претседател Владимир Путин пред еден месец, а сега праќаат нова закана директно за Москва.

Терористите порачуваат дека Путин „ќе ја плати цената за убиствата на муслиманите“ и најавија крвопролевање на Светското првенство кое се одржува во Русија.

Во новото објавено видео, припадниците на Исламска држава прикажуваат запалени руски стадиони како одмазда кон Путин и Русија за нивната воена интервенција во Сирија, заканувајќи се со сите расположливи средства меѓу кои и дронови.

На видеото се гледаат тела на убиени лица, кои и терорист кој планира да му ја отсече главата на Лионел Меси додека бомба е поставена покрај корнер знамето.

Домажините на Мундијалот веќе истакнаа дека мерките на безбедност се максимални и дека ќе направат се за учесниците и посетителите на Светското првенство да уживаат во големото натпреварување.

Коронавирус