среда, 30. септември 2020. Вести денес: 121
home Вести

ИД ја презеде одговорноста за двојниот самоубиствен напад во Кабул

ИД ја презеде одговорноста за двојниот самоубиствен напад во Кабул

Исламската држава ја презеде одговорност за двојниот самоубиствен напад извршен денеска во Кабул близу централата на авганистанското разузнавање.

По првиот напад извршен од бомбаш-самоубиец „отстапниците од верата, од силите за безбедност, медиуми и други луѓе кои беа на местото на операцијата, каде еден брат камиказе ги изненади со експлозив“, се вели во соопштение од авганистански клон на ИД, објавено на Телеграм.

Бројот на жртвите е 25. Поврдени се најмалку 45, соопшти полицијата. Меѓу убиените се четири полицајци, еден фоторепортер на АФП и петмина новинари од локални медиуми.

МИА

Коронавирус