сабота, 17. април 2021. Вести денес: 15
home Вести

И советникот во Белата куќа, Стивен Милер, позитивен на коронавирус

И советникот во Белата куќа, Стивен Милер, позитивен на коронавирус

Советникот во Белата куќа, Стивен Милер, вчера соопшти дека е позитивен на коронавирус, што е најновиот случај на инфекција со вирусот во најблискиот круг на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Во последните пет дена работев од далечина и бев во самоизолација. Тестовите беа негативни секој ден се до вчера, рече Милер. Тој, исто така, изјави дека денеска тестот бил позитивен за коронавирус и тој заминал во карантин.

Трамп во понеделеникот се врати во Белата куќа откако три ноќи мина во воената болница „Валтер Рид“ поради инфекција со коронавирус, повикувајќи ги Американците да не се плашат од него и да не дозволуваат да им го преземе животот.

Пандемијата на коронавирусот досега во САД уби повеќе од 210 000 лица, повеќе отколку во која било друга земја.

Заменик-секретарот на Белата куќа, Брајан Моргенштерн, за Си-Ен-Ен доцна синоќа изјави дека во Белата куќа нема нови случаи на инфекција со коронавирус, освен во случајот на Милер.

Сопругата на Милер, Кети Милер, портпаролка на потпретседателот Мајк Пенс, беше позитивна на коронавирус во мај.

Коронавирус