петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

И Русија излегува од Договорот за отворено небо

И Русија излегува од Договорот за отворено небо

Русија најави дека го напуша Договорот за отворено небо (ТОС), откако претходно истото го направи и САД, јави ТАСС.

-Вложивме максимум напори за да ги задржиме САД во Договорот, и сега веруваме дека оптимална и коректна одлука е да го напуштиме ТОС, изјави денеска заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на седница на Советот на Федерацијата.

Горниот дом на рускиот Парламент, односно Советот на Федерацијата, со големо мнозинство изгласа излегување на земјата од Договорот. За таа одлука гласаа 152 од вкупно 170 пратеници. Истот закон едногласно беше усвоен и на 19 мај во Долниот дом, односно Државната дума.

На 15 јануари, руското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое наведе дека постапката за напуштање на ТОС започнала, бидејќи немало напредок во решавањето на несогласувањата, по повлекувањето на САД во ноември 2020 година.

Стејт департментот на САД во април рече дека САД не донеле одлука да продолжат да учествуваат во ТОС.

Договорот за отворено небо е во сила од 2002 година и има 34 земји-членки.

Договорот им овозможува на земјите-членки отворено да собираат информации за воените сили и активностите на другите земји-членки. (МИА)

Коронавирус