петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

И Матис ги откажа планираните посети

И Матис ги откажа планираните посети

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа ги откажа посетите на сојузните држави Клаифорнија и Невада, планирани за претстојниот викенд, соопшти Пентагон.

Најавата од Пентагон следува откако вчера Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ја откажал посетата на Перу и Колумбија и дека останува во САД „за да го контролира одговорот за Сирија“.

– На негово место, на осмиот Панамерикански самит во Лима, Перу ќе присуствува американскиот потпретседател Мајк Пенс  а потоа ќе отпатува за Богота, Колумбија, истакна портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Таа нагласи дека Трамп „ќе остане во САД за да го надгледува американскиот одговор за Сирија и да ги следи случувањата низ целиот свет“.

Ваквите одлуки на Белата куќа и Пентагон ги поттикнаа шпекулациите дека САД нејваројатно подготвуваат воена акција цо Сирија, како одговор на претпоставениот напад со хемиско оружје во градот Дума на 7 април, за кој се обвинети сириските власти.

Коронавирус