четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

И ќерката на газдата на Лестер била во хеликоптерот

И ќерката на газдата на Лестер била во хеликоптерот

По завршување на натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем, хеликоптерот веднаш по полетувањето загубил контрола и завршил на паркингот за автомобили кој се наоѓал на 200 метри од стадионот.

Вишаи Шривадханапрабха кој е сопственик на хеликоптерот, според неофицијални информации бил во него заедно со членовите на неговото семејство. Полицијата и натаму не излезе со детали, но според видео-записите и фотографиите најверојатно нема преживеани.

Фудбалерите на Лестер преку социјалните мрежи се молат за да не биде најлошото сценарио.

Според други медиуми, сопственикот Вишаи Шривадханапрабха и неговата ќерка, заедно со двајца пилоти, биле во хеликоптерот кој се урна во паркот непосредно до стадионот „Кинг Пауер“, неколку минути по завршувањето на мечот меѓу Лестер и Вест Хем од Премиер – лигата.

Многу веројатно е дека не се преживеани, иако засега се уште нема официјални информации.

Потврдено е дека претседателот на Лестер и неговата ќерка се качиле во хеликоптерот кој се урна вечерва во паркот, во близина на стадионот „Кинг Пауер“.

Коронавирус