вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

И Италија гори: За 24 часа над 800 пожари!

И Италија гори: За 24 часа над 800 пожари!

Италија за време на викендот регистрира над 800 пожари, воглавно во јужниот дел на земјата.

– Во изминатите 24 часа пожарникарите имаа повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуљи и Калабрија, 90 во областа Лацио и 70 во Кампања, објави на Твитер италијанската пожарникарска служба.

Исто така се наведува дека пожарникарите се на терен и во три града на Сицилија.

Италија изминатите денови е погодена од топлотен бран, при што температурите на воздухот се искачија до 40 степени Целзиусови, со што е зголемена опасноста од пожари.

Кон крајот на минататса недела во пожар се уништени 20.000 хектари шума, насади со маслинки и посеви на Сардинија.

Коронавирус