недела, 31. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните

И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните

Холандија денеска објави дека ќе ја активира фазата од планот за енергетската криза наречена „рано предупредување“ и ќе го укине ограничувањето на производството во електраните на јаглен, бидејќи се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас во екот на војна во Украина.

Холандија, која увезуваше 15 отсто од својот гас од Русија, веќе купува ЛНГ (течен природен гас) и ја намалува потрошувачката на гас, но сепак може да се соочи со недостиг оваа зима, пишува Ројтерс.

„Со овие мерки, помалку пари ќе му дојдат на Путин“, изјави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен.

Фазата „рано предупредување“ од трифазниот план на земјата ги предупредува корисниците, регулаторите и владите на специфичната закана од недостиг на гас, пренесува Танјуг.

Ројтерс додава дека планот вклучува и „аларм“ и „вонредна“ фаза, иако останува нејасно како ќе се рационализира снабдувањето со гас за индустриските корисници во случај на физички недостиг.

Се очекува Холандија да заштеди две милијарди кубни метри гас годишно со укинување на ограничувањата за производство на енергија на јаглен.

Ројтерс наведува дека земјата веќе го ограничила производството на 35% од капацитетот во своите електрани на јаглен со цел да ги намали емисиите на јаглерод диоксид.

Холандската влада, исто така, објави дека планира да произведе 2,8 милијарди кубни метри гас од гасното поле Гронинген до октомври 2023 година.

Коронавирус