Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека со крстосувачка ракета погодиле саудиска нафтена постројка во градот Џеда. Нападот бил извршен само неколку часа откако заврѓи онлајн Самитот на лидерите на Г-20, со кој претседава Саудиска Арабија.
Официјален Ријад се уште нема потврдено имало напад.
И Американскиот конзулат во Џеда соопшти дека не е информиран за нападот.
Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јехи Сари на Твитер напиша дека бунтовниците истрелале нова крстосувачка ракета „Кудс-2“ врз нафтена постројка во Џеда. Тој објави и сателитски фотографии, кои одговараат на рафинеријата за сурова нафта на компанијата Армако.
На објавените видео-снимки се гледа како гори подрачје со цистерни кои наликуваат на нафтената постројка, а се слушаат и сирени на полициски и амбулантни возила.