среда, 30. септември 2020. Вести денес: 160
home Вести

Хун Сен реизбран за премиер на Камбоџа

Хун Сен реизбран за премиер на Камбоџа

Парламентот на Камбоџа денеска го реизбра на премиерската функција  Хун Сен, со што и по 33 години на власт, ќе продолжи да управува со земјата.

– Денеска е историски ден за Камбоџа, рече радосно Хун Сен пред пратениците од неговата Камбоџиска народна партија, кои беа инаугурирани вчера.

Тој оцени дека парламентарните избори биле „фер и транспарентни”, за инает на критиките од странство заради затворањето под сомнение „шпионажа” на лидерот на опозицијата и за распуштањето на неговата партија.

Хун Сен ја осуди опозицијата дека со месеци се обидувала организира „шарена револуција” во Камбоџа со поддршка на САД.

Коронавирус