вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Вести

Хрват уби тинејџерката во Лондон: Ѝ забил нож во грбот додека пеела во парк со пријателите! (ВИДЕО)

Хрват уби тинејџерката во Лондон: Ѝ забил нож во грбот додека пеела во парк со пријателите! (ВИДЕО)

Хрватот Мануел Петровиќ (20) кој е осомничен за убиство на Џоди Чесни (17), денеска се појавил пред истражниот судија во Лондон, кој после сослушувањето му одредил притвор до 28-ми мај.

Петровиќ, кој на судијата му се обратил преку видео-линк, го потврдил своето име и презиме, датумот на раѓање и изјавил дека по националност е Хрват. Членовите на неговото семејство, кои седеле во прв ред, го гледале на екран Мануел, додека седел во затворската ќелија.

Во меѓувреме бил уапсен и соучесникот (16) во убиството, а идентитетот на момчето не се открива, бидејќи е малолетно. Според пишувањата на британските медиуми, уапсени се и луѓето кои му помагале на Петровиќ, 50-годишен маж, 38-годишна жена и 17-годишно момче кое го криеле.

Мануел ја нападнал Џоди на 1-ви март, додека седела, свирела и пеела со момчето и пријателите во парк во источен Лондон. Според зборовите на сведоците, тие во еден момент забележале две момчиња кои се „моткаат“ околу нив, но набрзо си заминале.

После 20-на минути се вратиле, а Мануел ја забодел Џоди со нож во грбот и побегнал. Девојката починала во болница, поради повредите со кои се здобила. Убиството на Џоди Чесни е само едно во низата на убиства со ладно оружје во Британија.

Во Велика Британија дошло до нагло зголемување на нападите со нож. Така од почетокот на оваа година, со нож се убиени најмалку 35 лица. Лекарите истакнуваат дека повредите стануваат сè посериозни, а жртвите се сè помлади и дека има пораст на бројот на повредени девојки.