петок, 18. септември 2020. Вести денес: 163
home Вести

Хрват работел на пристаништето кога се случила експлозијата: „Беше како атомска бомба, еден од нас е повреден“

Хрват работел на пристаништето кога се случила експлозијата: „Беше како атомска бомба, еден од нас е повреден“

Го големата експлозија на пристаништето во Бејрут, се огласи и хрватски државјанин кој ја снимил катастрофата која го погоди главниот град на Либан.

Тој за 24сата.хр открива дека еден Хрват е повреден, има скршеници па бил однесен во болница.

-Беше како атомска бомба. Дрво се виде облак од чад, а потоа не’ погоди експлозијата. Ни ги скрши сите прозорци и ја свитка вратата на бродот. Скокнавме од кабината и легнавме на под, не знаевме што е. Еден од нашите е повреден. Бев во војна, но вакво нешто не сум доживеал, раскажува за 24сата Хрват кој работи во Бејрут.

Со колегите од Хрватска бил на брод закотвен на пристаништето кога најпрво слушнале две силни експлозии. Виделе како гори складиштето.

-Се се одвиваше во 15 минути. Имаше многу луѓе покрај бродовите, бидејќи работното време беше при крај. Видовме одалеку како гори некое складиште. Гореа и делови од дигалките. Не знаевме каде да бегаме кога се слушна силната експлозија. Еден колега заврши со скршеница, па го пренесовме во болница. Тука е хаос, вели Хрватот.

Тој посочува дека во Бејрут немале доволно пакети за прва помош колку што има повредени лица во експлозијата.

Коронавирус