четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 182
home Вести

Христијански цркви во Германија ќе се соочат во блиска иднина со недостиг од свештеници

Христијански цркви во Германија ќе се соочат во блиска иднина со недостиг од свештеници

Христијански цркви во Гермнаија ќе се соочат со недостиг од неколку илјади свештеници во следните години, се нагласува во извештај цитиран од ДПА.

-Централниот комитет на германските католици пресметал дека околу 7.000 од 13.500 места за свештеници ќе бидат празни во 2030 година, изјави за Фокус претседателот на Комитетот, Томас Штернберг.

Во извештајот се додава дека Евангелистичката црква во Германија, ќе се соочи со истиот проблем бидејќи бројот на досегашните свештени лица до 2030 година ќе биде околу 14.000 од досегашните 21.000.

МИА

Коронавирус