петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Хотел Мериот: Хакери украле податоци на 500 милиони гости

Хотел Мериот: Хакери украле податоци на 500 милиони гости

Хотелскиот синџир Мериот информираше денеска дека хакери украле лични податоци на 500 милиони нивни гости.

Американската компанија извести за неовластен пристап на базата на податоци во нивната хотелска подружница Старвуд. Ова било утврдено по истрагата спроведена на почетокот на месецот.

Компанијата верува дека со упадот се погодени околу 500 милиони гости кои резервирале соби во сопственост на Старвуд.

Станува збор за информации за имињата, адресите, броевите на мобилните телефони, електронските адреси, број на пасош и други лични информации за нивниот престој во хотелот, наведуваат од Мериот.

Мериот првпат се посомневал за можен хакерски напад уште во септември.

Од хотелот информираат дека се информирани надлежните институции.

Коронавирус