вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

Хорор за „Ноќ на вештерките“ во Тексас: Едно лице почина, многумина повредени

Хорор за „Ноќ на вештерките“ во Тексас: Едно лице почина, многумина повредени

Едно лице е мртво, а десет се повредени во пукање на забава по повод „Ноќта на вештерките“ во источен Тексас, соопшти денеска полицијата.

Престрелките се случиле синоќа во центарот за настани во градот Тексаркана, во американската сојузна држава Тексас, се наведува во соопштението на полицијата, пренесе АП.

Полицијата проценува дека на забавата имало „неколку стотици луѓе“.

Во соопштението се наведува дека десетте застрелани лица се пренесени на лекување во болница.

Подоцна во една од болниците беше констатирана смрт на 20-годишен човек, а неговото име се уште не е познато.

Полицијата соопшти дека повредите на останатите десет лица не се опасни по живот.

Осомничениот не бил уапсен, како што се наведува во соопштението, а со непознато возило го напуштил местото на настанот.

Коронавирус