среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Хорор во Тајван: Срушени згради, пукнати улици, заложници во урнатините, граѓани во паника по земјотресот (ВИДЕО)

Портпаролот на војската Чен Чунг-чи изјави дека и воен персонал е вклучен во извлекувањето на луѓето од урнатините.
Хорор во Тајван: Срушени згради, пукнати улици, заложници во урнатините, граѓани во паника по земјотресот (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван и локалните медиуми соопштија дека има урнати згради, како и заробени луѓе под урнатините.

Епицентар на земјотресот, што се случил десет минути пред полноќ по локално време, бил 21 километарсевероисточно од пристанишниот град Хуалиен, на длабочина од само еден километар.

Повикувајќи се на извори од противпожарната единица, владата објави дека еден хотел е тешко оштетен, при што е неизвесна судбината на 30-ина гости.

Фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат значителни оштетувања и на патишта и високи згради.

Портпаролот на војската Чен Чунг-чи изјави дека и воен персонал е вклучен во извлекувањето на луѓето од урнатините.

Ова е последниот во низата земјотреси што ја погоди земјата во последните неколку дена.

Коронавирус