понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 125
home Вести

Хорор во Словенија: Внука ја заклала својата баба, телото го нашол сосед

Хорор во Словенија: Внука ја заклала својата баба, телото го нашол сосед

Осумдесет и петгодишна жена е убиена во Бертоки кај Копер, а нејзината внука е осомничена за злосторството, објавија словенечките медиуми.

Триесет и едногодишнаta жена со остар предмет ја заклала својата баба (85), а потоа го фрлила оружјето во ѓубре недалеку од местото на злосторството, пренесоа словенечките медиуми.
Мотивот за убиството е непознат, а осомничената е во притвор.

– Веднаш започнавме интензивно собирање информации за злосторството и ќе продолжиме со тоа, бидејќи сè уште не го знаеме мотивот за ова брутално убиство – рече Дејан Грандиќ од одделот за криминалистичка полиција Копер на прес-конференција.
Соседот на старицата ја известил полицијата за злосторството. Тој синоќа пријавил дека во куќата нашол тело на жена, а во текот на ноќта беше уапсена триесет и едногодишната словенечка државјанка под сомнение за убиство.

Коронавирус