сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Хорор во Католичко училиште: Сестра го барала братот низ училниците, го нашла обесен во тоалетот, таткото бара одговорност (ВИДЕО)

Хорор во Католичко училиште: Сестра го барала братот низ училниците, го нашла обесен во тоалетот, таткото бара одговорност (ВИДЕО)

Бредли Џон (14) е пронајден мртов во тоалетот од католичкото училиште „Сент Џон Лојд“ на 12 август, недолго откако неговите родители на управата на училиштето се пожалиле дека синот им е жртва на врсничко насилство.

Телото на обесеното дете го пронашла неговата помлада сестра Даниел, која повеќе од саат време го брала низ училиштето.

Таткото на Бредли, Бајрон сега бара оставка од директорот и од персоналот од ова училиште во Јужен Велс. Тој писмото со барањето го предаде во петокот, на 21 септември.

-На тој страшен ден чекав да се јави полицијата и училиштето, но ништо не се случи… Нема да дозволам училиштето да успее во намерата да го забошоти случајот и да ја негира својата одговорност. Училиштето и управаа го изневерија Бредли и Даниел, вели очајниот татко и додава: „Мојот син беше среќно дете се додека во училиште не почнаа да го малтретираат. Училиштето не направи ништо за да го заштити“.

Кога не го нашла во училниците и ходниците, малата Даниела се осмелила да влезе во ВЦ-то за машки, каде видела дека една кабина е затворена. Го повикала домарот и учителката, но директорот забранил да се крши вратата. Кога виделе дека детето не сака да отвори, на сила влегле во кабината, а тогаш следел шок: девојчето го видело својот брат како виси и почнала да вреска.

-Сето тоа се случи седум дена пред нејзиниот 13. роденден. Таа поминува низ пекол. Цел живот ќе слави роденден седум дена по годишнината од смртта на братот. Наместо да славиме, ќе плачеме, вели таткото.

Директорот на училиштето Ешли Хаувелс издаде соопштение во кое му оддаде почина на малиот Бредли и го нарече „талентирано момче“. Училишните власти порачаа дека нема да се огласуваат додека не биде завршена истрагата.

Коронавирус