вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ХОРОР во Германска болница: Доктор ги дрогирал, па ги силувал своите пациентки…

ХОРОР во Германска болница: Доктор ги дрогирал, па ги силувал своите пациентки…

Германската полиција уапси доктор кој работел во болница во градот Билефелд поради сомнение дека дрогирал, а потоа и силувал неколку свои пациентки.

Како што пренесува „РТЛ“, докторот од клиниката „Бетел“ бил под „лупа“ на полицијата уште од пролетта кога една пациентка го пријавила дека ја „дрогирал“ пред да биде снимена на магнетна резонанца.

Истрагата утврдила дека докторот на пациентката ѝ дал лекови кои не биле неопходни. Сепак, таа не навела дека била злоставувана, туку дека докторот свесно ѝ наштетил на нејзиното здравје со вбризгувањето на непотребните медикаменти.

Набрзо потоа била отворена истрага која на крајот довела до претрес на станот на осомничениот доктор. Тоа што го откриле полицајците ја шокираше германската јавност. Имено, во телефонот на докторот биле пронајдени и снимки на кои се гледало како ги сексуално ги злоставува своите пациентки. Наводно снимил како силува дури 10 пациентки.

Точниот број на жртви на докторот-манијак засега не е утврден со оглед на тоа што не е познато дали го снимил секое злоставување или не. Се верува дека пациентките примиле големи дози на седативи пред да бидат силувани.

Осомничениот доктор, кој после пријавата на пациентката веќе бил суспендиран, сега доби и отказ, а неговото име било отстрането од списокот со доктори на официјалната интернет страница на болницата.

Уапсениот доктор би требало да биде сослушан во текот на оваа седмица.

Коронавирус