недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Хорор во Германија: Во експлозијата едно лице загина, а 25 се повредени

Хорор во Германија: Во експлозијата едно лице загина, а 25 се повредени

Едно лице загина во денешната експлозија во стан во германскиот град Бланкенбург, соопшти портпаролот на полицијата.

Во експлозијата се повредени околу 25 лица, јави германската новинска агенција ДПА.

– Не може да се исклучи можноста за други повредени во инцидентот, рече полицискиот портпарол.

Засега не се познати причините за експлозијата, ниту за сериозноста на повредите на лицата кои биле во зградата.

Експлозијата се случи во зграда во 08:40 утрово, а во близина се лоцирани градинка и основно училиште. Претставник на градинката соопшти дека околу 100 деца биле преместени во други објекти.