понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: 15-годишен азилант заклал малолетничка среде продавница

Обвинителот Ангелика Мелиг денес изјави дека судијата му одредил притвор на тинејџерот кој се уште не е идентификуван. Против него е подигнато обвинение за убиство со предумисла, а според германските медиуми, мотивот засега се уште не е јасен иако има разни претпоставки.
ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: 15-годишен азилант заклал малолетничка среде продавница

15-годишно момче од Авганистан, инаку барател на азил во Германија, ја шокираше целата држава после ладнокрвното убиство на неговата поранешна девојка, инаку Германка на иста возраст.

Авганистанецот е веднаш уапсен откако, како што пренесуваат германските медиуми, тој случајно ја сретнал својата поранешна девојка во една продавница.

Тој ја нападнал со кујнски нож сред продавница, а таа непосредно после нападот им подлегнала на повредите.

Обвинителот Ангелика Мелиг денес изјави дека судијата му одредил притвор на тинејџерот кој се уште не е идентификуван. Против него е подигнато обвинение за убиство со предумисла, а според германските медиуми, мотивот засега се уште не е јасен иако има разни претпоставки.

Германските власти соопштија дека Авганистанецот пристигнал во Германија во 2016-та година и неколку месеци бил во врска со жртвата која што одлучила да ја раскине врската со него овој месец.

На 15-ти декември родителите на жртвата поднеле кривична жалба против Авганистанецот поради закани кон нивната ќерка.

Коронавирус