сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 100
home Вести

Хорор во Бразил: Тинејџери убија 5 деца, пукале на големиот одмор, а потоа се самоубиле

Хорор во Бразил: Тинејџери убија 5 деца, пукале на големиот одмор, а потоа се самоубиле

Најмалку петмина ученици се убиени во пукање во училиште во Сао Пауло, Бразил. Напаѓачи биле двајца тинејџери, јавува бразилскиот „Оглобо“.

Пукањето се случило во државното училиште „Раул Бразил“ во градот Сузано.

Информациите за пукањето биле потврдени од страна на полицијата, од каде што за „Оглобо“ изјавиле дека две вооружени лица отвориле оган за време на училишниот одмор.

Тие убиле петмина ученици и еден вработен во училиштето, а потоа извршиле самоубиство.

Бразилските медиуми пишуваат дека при нападот се повредени и неколку лица, кои биле префрлени во две регионални болници.

Вкупниот број повредени сè уште не е потврден, а мотивот за нападот засега е непознат.

Коронавирус