сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Хорор во Бразил: Тинејџер со мачета влегол во градинка – убиени се деца (ВИДЕО)

Хорор во Бразил: Тинејџер со мачета влегол во градинка – убиени се деца (ВИДЕО)

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина.

Децата во градинката, како што се наведува, биле помали од две години.

Во нападот, според информациите од медиумите, повредено е и уште едно дете, како и жена. Тие се пренесени во болница и се наоѓаат во многу тешка состојба. Осомничениот е уапсен и е сериозно повреден, пренесува бразилски „Глобо“.

Не се познати причините за нападот. Во тек е истрага.

Коронавирус