вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 67
home Вести

ХОРОР: Татко си го убил 6- годишното синче „бркајќи го демонот“ во него

ХОРОР: Татко си го убил 6- годишното синче „бркајќи го демонот“ во него

Полицијата на американската сојузна држава Аризона го упсила 31-годишниот Пабло Мартинез кој е обвинет за убиство на својот 6-годишен син, пренесува телевизискиот канал FOX8.

Според исказите, Мартинез признал дека истурал топла вода во грлото на момченцето. Како што објаснил, на тој начин сакал „да го избрка демонот кој го видел во неговиот син“.

Мажот детално објаснил како го држел детето под чешмата во бањата, а топлата вода „почнала да го брка демонот“.

Сопругата на Пабло повикала полиција, меѓутоа кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, детето било ставено во кревет и за жал, не давало знаци на живот.

Во судските документи во кои телевизијата имала увид, се укажува дека момченцето било донесено во медицинскиот центар со изгореници на 15 отсто од телото, па таму само можеле да го констатираат трагичниот исход од налудничавата идеја на таткото.