сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 12
home Вести

Хорор на одмор: Вработени во хотел во Италија издрогирале па групно силувале жена, учествувале повеќе од 10 мажи

Хорор на одмор: Вработени во хотел во Италија издрогирале па групно силувале жена, учествувале повеќе од 10 мажи

Полицијата уапси петмина сторители, но се сомнева дека во силувањето на Британката во Неапол 2016 година учествувале повеќе од 10 луѓе.

Во октомври 2016 година во Соренто близу Неапол, петмина службеници на познатиот хотел ја одвлекле британската туристка, ја силувале и сето тоа го снимале со мобилни телефони.

Иако полицијата уапси петмина сторители, тие наведуваат дека не е можно во групното силување на 50-годишнаа Британка да учествуваат 12 луѓе.

Сомневањата се дека двајца бармени на Британката и на нејзината ќерка и ставиле дрога во пијачката, а потоа ја одвлекле во блискиот базен и сексуално ја злоставувале. После тоа ја одвлекле во соба каде групно ја силувале.

Сето тоа го снимале со мобилен телефон, а снимката ја споделиле во групата „Лоши навики“ (Bad Habits) на Ватсап каде бројни други мажи ја коментирале.