вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Хорор на крштевка: Крокодил усмрти свештеник, гостите сведоци на ужасот

Хорор на крштевка: Крокодил усмрти свештеник, гостите сведоци на ужасот

Крокодил нападнал и усмртил протестански свештеник додека вршел крштевка во близина на езеро на југот на Етиопија, јавија светските медиуми.

Нападот се случил во неделата наутро додека свештеникот Дошо Ешет изведувал церемонија на крштевање на околу 80 лица во градот Арба Минч, пренесе Би Би Си.

Жителите и полицијата рекоа дека крокодилот скокнал од водата во текот на церемонија и го нападнал свештеникот.

Тој умрел од тешки повреди на грбот, рацете и нозете.

-Го крстеше првото лице во водата и пријде да го крсти второто. Наеднаш, крокодилот излезе од езерото и го зграби свештеникот, рече очевидец.

Мештаните со рибарски мрежи го спречија крокодилот да го однесе телото на свештеникот.

Полицијата соопшти дека крокодилот побегнал.

Коронавирус