вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 183
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Вести

Хорор на Филипините: Убиен градоначалник, неговите помошници и полицајци

Хорор на Филипините: Убиен градоначалник, неговите помошници и полицајци

Полицијата на Филипини го уби градоначалникот на еден град во централниот дел на земјата и неговите двајца помошници, а во судирот загинаа и двајца полицајци, соопштија денеска властите.

Регионалниот полициски командант рече дека врз основа на оригиналните полициски извештаи, тој може само да претпостави дека станува збор за грешка.

Полициските службеници биле на рутинска патрола кога вчера попладне кон нив пукале припадници на обезбедувањето на градоначалникот на Катбаоган, Роналд Акин, кој се возел со комбе во источната провинција Самар, изјави полицискиот командант.

– Полицијата возвратила на огнот и ги убила Акин и двајцата негови помошници, додека обезбедувањето на градоначалникот уби двајца полицајци кои возеле зад неговото комбе. Тие се сомневале и отвориле оган кон нашите полицајци кои возвратиле, рече командантот, нагласувајќи дека истрагата за овој случај е отворена.

Пријател на убиениот градоначалник рече дека тој отишол да го прослави роденденот на своето дете и дека е можно да бил цел на нападот, но полицискиот командант вели дека полицијата не го следела градоначалникот и дека биле само во рутинска патрола.

Неколкумина градоначалници и провинциски службеници поврзани со нелегална трговија со дрога биле нападнати и убиени на Филипините за време на владеењето на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, кој се бори против дрогата, но официјални лица велат дека убиениот градоначалник не бил поврзан со дрога. (МИА)

Локални избори 2021