петок, 25. мај 2018. Вести денес: 9
home Вести

Хорор го потресе светот: Овие родители ги држеле своите 12 деца врзани за синџири и изгладнети (ФОТО)

Жртвите се пронајдени изгладнети и во нехигиенски услови. Изгледале дека сите се помлади од 18 години, но дополнително е утврдено дека седуммина од нив се полнолетни.
Хорор го потресе светот: Овие родители ги држеле своите 12 деца врзани за синџири и изгладнети (ФОТО)

Полицијата во американската држава Калифорнија открила 12 браќа и сестри на старост од две до 29 години, кои родителите ги држеле затворени и врзани со синџири во подрум.

Полицијата спровела акција по дојавата што ја добила од тринаесеттото дете, една од сестрите што успеала да побегне од подрумот од семејната куќа во областа Риверсајд, југоисточно од Лос Анџелес.

Полицијата децата ги открила врзани за кревет. Децата молеле за храна, а колку долго биле таму, засега не е познато, пишува „Дејли мејл“.

Родителите на тринаесетте жртви, Дејвид (57) и Луиза Тарпин (49), се уапсени. Откриено е дека родителите банкротирале во 2011 година и дека должат половина милион долари и покрај тоа што Дејвид заработувал 140.000 долари годишно како инженер.

Жртвите се пронајдени изгладнети и во нехигиенски услови. Изгледале дека сите се помлади од 18 години, но дополнително е утврдено дека седуммина од нив се полнолетни.

Брачната двојка пред да се пресели во Калифорнија, во 2010 година, живеела во американската држава Тексас.

Соседите истакнале дека семејството отсекогаш им изгледало чудно и повлечено, а многу од нив не знаеле дека во куќата живеат деца.

Домаќинката Венди Мартинез (41) истакнала дека на крајот на октомври во предниот дел на дворот забележала четири деца на колена.

Исто така, пред само два месеца некои од децата веќе изгледале изгладнети и слаби.

Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, Дејвид и Луиза своите деца наводно ги носеле во „Дизниленд“, а поминале и во Лас Вегас, каде што на 30-годишнината од бракот ги обновиле своите завети.