петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 123
home Вести

ХОРОР: Добил нож во грб за време на богослужба, бил избоден пред верниците (ВИДЕО)

ХОРОР: Добил нож во грб за време на богослужба, бил избоден пред верниците (ВИДЕО)

Свештеник е избоден со нож во текот на литургијата во Базиликата на Свети Јосиф во Монтреал, а полицијата веднаш го привела напаѓачот.

Свештеникот Клод Гру, ректор на католичката базилика Ораториум на Свети Јосиф, знаменитост на квебечката метропола и најголема црква во земјата, бил полесно ранет. Примен е во болница, но животот не му е во опасност, наведува полицијата.

„Неговата состојба е стабилна, се молиме за него“, соопшти бискупијата на Монтреал.

Засега нема информации за идентитетот, освен дека станува збор за 26-годишник, и за мотивите на напаѓачот кој свештеникот го избодел на литургијата во 8,30 часот по локално време на којашто присуствувале педесетина луѓе.

Како и секое утро, литургијата директно била пренесувана на католичката мрежа Сол и светлина којашто емитува преку сателит и интернет, објави нејзината мрежна страница.

Мрежата CTV објави снимка од нападот на која се гледа како млад маж во јакна и со бејзбол капа, вооружен со нож налетува на свештеникот на олтарот и му задава удар, по што тој паѓа на земјата. Во позадина се слушаат криците на верниците. Свештеникот брзо станува, а напаѓачот го совладуваат лица од обезбедувањето. Набрзо доаѓа и полицијата по дојава на очевидци и го приведува осомничениот.

„Осомничениот е уапсен и спроведен во притвор, каде што ќе биде сослушан“, рекла Каролин Шеврефил, портпаролка на монтреалската полиција.