недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Хорор: Четири годишно дете си ја застрела бремената мајка

Хорор: Четири годишно дете си ја застрела бремената мајка

Четиригодишно дете од Сиетл ја застрелал со пиштол својата мајка (27) во лице.

Детето го нашло полниот пиштол под душекот и го донело во собата, каде неговата мајка, која била во осмиот месец од бременост и неговиот татко гледале телевизија.

Портпаролот на шерифот Рајан Ебот соопшти дека станува збор за несреќа во која детето случајно пукало во својата мајка.

-Просто го носеше пиштолот и ѝ пукна во лице, рече Ебот.

Таткото на детето рече во полиција дека нема дозвола за носење оружје, но го позајмил пиштолот поради заштита.

Мајката е префрлена во болница со повреди опасни по живот, но состојбата не и се поправила, па е префрлена во друга болница.