вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 6
home Вести

Хонг Конг: Маж со нож повреди две лица, а на политичар му одгриза уво

Хонг Конг: Маж со нож повреди две лица, а на политичар му одгриза уво

Полицијата во Хонг Кон уапси 48-годишен маж, кој за време на протест, со нож повреди две лица, а на локален политичар му одгриза дел од увото.

Приведени се и двајца мажи, кои го нападнале потоа.

Претставникот на хонкошката полиција Џон Це рече дека синоќа мажот нанел убодни рани на една двојка пред трговски центар после расправија со нив, а потоа гризнал локален политичар, Тој појасни дека неименуваниот маж потоа бил претепан од бесната маса, а во тепачката биле повредени и двајца помлади мажи.

Полицијата прецизира дека во инцидентот се повредени пет лица, од кои двајца се во тешка здравствена состојба.