петок, 4. декември 2020. Вести денес: 51
home Вести

Холанѓаните во редици за марихуана, владата нареди затворање на кофи-шоповите (ВИДЕО)

Холанѓаните во редици за марихуана, владата нареди затворање на кофи-шоповите (ВИДЕО)

Уживателите на марихуаната масовно стојат пред холандските кофи-шопови откако владата нареди нивно затворање во обид за сузбивање на заразата на коронавирусот.

Десетици муштерии стојат во редовите за да се снабдат со залихи пред затворањето на кафулињата со марихуана кои можеби со недели нема да ги отворат своите врати.

Популарните холандски кафулиња станаа дел од националниот имиџ во странство како и секс-клубовите во амстердамскиот кварт на црвени фенери, на кои исто така им е наложено да затворат до 18 часот, како и останатите барови и ресторани.

„Можеби во следните два месеци нема да можеме да набавиме марихуана, така што би било фино да имаме барем малку дома“, вели Холанѓанецот Џонатан пред кофи-шоп во Хаг.

Редовите се создале само неколку минути откако холандските министри за здравје и образование на конференција за медиумите најавија затворање на голем број комерцијални објекти, како и сите училишта во државата.

Слични сцени има низ целата земја, а на социјалните мрежи се објавуваат редиците во главниот град Амстердам и универзитетскиот град Утрехт.

Редиците за купување марихуана се создадоа и покрај тоа што холандскиот министер за здравство на конференција за медиумите вчера порача дека нема потреба од создавање големи резерви.

Коронавирус