среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

ХОЛАНДИЈА СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА НОВОЗАРАЗЕНИ- близу 2.000 луѓе за само 24 часа, не чека ли нов карантин во Европа?

ХОЛАНДИЈА СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА НОВОЗАРАЗЕНИ- близу 2.000 луѓе за само 24 часа, не чека ли нов карантин во Европа?

Во изминатите 24 часа во Холандија се регистрирани 1.972 нови случаи на коронавирусот, објавија денеска здравствените власти.

Ова е четврти ден по ред со рекорден број на нови случаи.

Податоците за бројот на случаи ги доставуваат локалните здравствени власти низ Холандија, и секојдневно ги објавува Националниот институт за здравство.

Владата на премиерот Марк Руте се очекува подоцна да објави регионални мерки, како забрана за големи собири и порано затворање на баровите и рестораните, како одговор на зголемувањето на случаите на коронавирус.

Коронавирус