петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Холандија: Отворени училиштата и фризерските салони, полицискиот час останува

Холандија: Отворени училиштата и фризерските салони, полицискиот час останува

Училиштата ќе бидат повторно отворени, а фризерските салони ќе можат да работат, најави холандскиот премиер Марк Руте согласно ублажувањето на некои рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот.

Полицискиот час, кој е воведен на 23 јануари и поради кој Холанѓаните излегоа на масовни протести, останува во сила до 15 март.

Руте нагласи дека одлуката за ублажување на рестриктивните мерки не е дефинитивна, предупредувајќи дека евентуално ново зголемување на бројот на заразени ќе ги активира сите можни опции.

Во Холандија од коронавирус заболеа повеќе од еден милион луѓе, додека над 15.000 пациенти починаа како последица од инфекцијата.

Коронавирус