сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Хоџес: За 15 години САД би можеле да завојува со Кина

Хоџес: За 15 години САД би можеле да завојува со Кина

Поранешниот командант на американските сили во Европа, генерал полковник Бен Хоџес изјави дека САД би можеле да завојуваат со Кина.

– На Америка и е потребен многу силен европски столб. Мислам дека за 15 години, а тоа не е неизбежно, постои голема веројатност дека ќе завојуваме со Кина, истакна Хоџес на вчерашниот безбедносен форум во Варшава.

Тој додаде дека САД немаат доволно капацитети да направат се што мораат во Европа и на Пацификот за да се изборат со киенската закана.

Генерал Хоџес оцени дека европските сојузници мора да работат на зајакнување на сопствената одбрана поради Русија, бидејќи САД ќе се фокусираат на одбрана на своите интереси на Пацификот.

МИА

Коронавирус