Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ најави дека ќе повлече речиси 430.000 мали автомобили, бидејќи во компјутерот задолжен да ја спречи блокадата на тркалата може да влезе вода, што, пак, може да доведе до кратка врска, па дури и до пожар во моторот, пренесе агенцијата Анадолија.
Од компанијата појаснуваат дека електричната кратка врска може да предизвика пожар, дури и кога автомобилиот не работи. Но, „Хјундаи“ истакнува дека стапката на појава на пожари е толку ниска што не е потребно автомобилите да се паркираат на отворено
Компанијата во документите што ги приложи до американските власти наведува дека имаат само три случаи на пожари и дека во нив немало повредени лица.
Трговците ќе инсталираат релеј во главната електрична разводна кутија на автомобилот за да ги спречат кратските врски, додека автомобилот е исклучен.
Повлекувањето на возилата ќе почне на 3 март. (МИА)