понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Хитроу од денеска ја затвора едната писта

Хитроу од денеска ја затвора едната писта

Лондонскиот аеродром Хитроу, како што беше најавено минатата недела, од денеска ја затвора едната од двете писти, откако се намали бројот на летови поради коронавирусот, јави ДПА.

– Целта е да се зајакне отпорноста и безбедноста на вработените, патниците и товарот на пандемијата на Ковид-19, изјави минатата недела портпаролот на Хитроу, кој е најфрекфентниот аеродром во Европа. Портпаролот додаде дека аеродромот ќе остане отворен дури и ако во светот има значително помал број летови.

Хитроу очекува 53 проценти раст на превозот на товар на неделно ниво откако за приоритет го одредија превозот на медицински материјали.

Од Хитроу тврдат дека аеродромот е најпрометен во светот, со повеќе од 80 милиони патници за 2019 година.

Коронавирус