сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Хитроу очекува воздушниот сообраќај да закрепне дури во 2026 година

Хитроу очекува воздушниот сообраќај да закрепне дури во 2026 година

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ сè уште бележи загуби, и покрај заживувањето на туризмот во третиот квартал по ублажувањето на ограничувањата поради коронавирусот, и проценува дека сообраќајот нема целосно да се опорави од кризата најверојатно до 2026 година.

Најпрометниот аеродром во Велика Британија денеска објави дека периодот јануари-септември го завршил со загуба по оданочување од 1,32 милијарди фунти (1,57 милијарди евра).

Од почетокот на кризата, загубата вкупно изнесува 3,4 милијарди фунти.

Бројот на патници достигна 28 отсто од нивото пред пандемијата во третиот квартал, наведуваат од „Хитроу“, додавајќи дека целосно закрепнување не се очекува пред 2026 година.

„Хитроу“ ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа во пандемијата во 2020 година, која ја презеде париски „Шарл де Гол“, и оттогаш се обидува да ги подобри резултатите со зголемување на таксите за авиокомпаниите.

Британскиот авијациски регулатор минатата недела го отфрли неговиот предлог за зголемување на таксите за патници, оценувајќи го како претеран, а се спротивставија и авиокомпаниите и оние кои се сериозно погодени од пандемијата.

Коронавирус