четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 183
home Вести

„Хилтон“ и „Мериот“ во Кина се извинија за нехигиенската практика

„Хилтон“ и „Мериот“ во Кина се извинија за нехигиенската практика

„Хилтон“, „Мериот“ и уште неколку глобални синџири на хотели, јавно се извинија поради  нехигиенските практики во Кина, откако на Веибо се појави 11-минутно видео на кое вработени во „Валдорф Асторија“ во Пекинг, користат ист сунѓер за миење садовите и мијалник, а подот во бањата го бришат со крпи наменети за гостите.

– Ако е вака лошо во хотел со пет ѕвездички, тогаш како е во хотелите со три ѕвезди!?, коментира Сем Џао, аналитичар од пекиншката маркетинг компанија „Кантар Ворлдпанел“.

По објавувањето на видеото, извинувања објавија и хотелот „Булгари“ во Шангај, кој е во сопственост на „Мериот Интернејшнл“, „Рич-Карлтон“, како и неколку други хотели.

Локални избори 2021