недела, 27. септември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Хилари Клинтон не ја исклучува можноста за нова претседателска трка: Никогаш не вели никогаш

Хилари Клинтон не ја исклучува можноста за нова претседателска трка: Никогаш не вели никогаш

Поранешната демократска кандидатка за американски претседател, Хилари Клинтон, не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД, пишува Хина.

Поранешната државна секретарка и претседателски кандидат на претходните избори во САД во 2016 година, кажа дека се наоѓа „под голем притисок“ да го предизвика Доналд Трамп на претседателските избори следната година, утринава соопшти Би-Би-Си.

-Никогаш не вели никогаш, рече таа за Би-Би-Си.

Клинтон кажа дека „цело време размислува“ за тоа каква претседателка би била да го победеше Трамп пред три години.

-Цело време размислувам каква претседателка ќе бев и што ќе направев поинаку и што тоа ќе значеше за нашата земја и светот, рече оваа поранешна сенаторка од Њујорк.

„Кој и да победи на следните избори ќе има голема задача, ќе мора да исправи се што е уништено“, рече Хилари Клинтон, денеска на возраст од 72 години.

-Под голем притисок сум од многу луѓе да размислувам за тоа, заклучи Клинтон.

Коронавирус