петок, 23. август 2019. Вести денес: 51
home Вести

Хезболах: Наскоро се очекува многу голема победа во јужниот дел на Сирија

Хезболах: Наскоро се очекува многу голема победа во јужниот дел на Сирија

Лидерот на либанската шиитска организација Хезболах, Хасан Насрала изјави дека наскоро претстои „многу голема победа“ во јужниот дел на Сирија, каде владините сили постигнуваат брзи успеси во борбите против бунтовниците.

Насрала истакна дека Хезболах ќе работи со сириската држава и либанските безбедносни сили со цел да помогне за враќање на сириските бегалци во својата татковина.

Според него, Хезболах, која е поддржана од Иран и е важен сојузник на Дамаск, создава механизам за враќање на „колку е можно поголем број на сириски бегалци“.

Тој ја отфрли информацијата на коалицијата предводена од Саудиска Арабија дека нејзините сили убиле осум припадници на Хезболах во Јемен.

Освен тоа, Насрала го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „диво чудовиште“ поради разделувањето на мигрантските семејства, кои се спречени да влезат илегално во САД. Според него, таквата политика го покажува „вистинското лице“ на Трамп.

– Глетката на деца мигранти, разделени од своите родители и ставени на изолирани места, не ја покажува ли јасно немилосрдноста на претседателот Трамп и неговата Влада?, истакна лидерот на Хезболах во телевизиското обраќање.