вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Херој во униформа: Да задоцнеше само една секунда, момче ќе извршеше самоубиство (ВИДЕО)

Херој во униформа: Да задоцнеше само една секунда, момче ќе извршеше самоубиство (ВИДЕО)

Херој во униформа на полицаец спасил момче кое сакало да се самоубие со скок од мост.

Во последен момент успеал да го фати за нога и да му го спаси животот.

Камерата на униформата на колегата на полицаецот го снимила Брајан Рег, покрај оградата на мостот некаде во Тенеси, во моментот кога тој пробал да скокне, што за малку ќе било кобно, пренесува Мирор.

Полицаецот покажал врвни рефлекси и херојство спасувајќи го момчето кое се откажало од животот. Го фатил за нозете, повлекувајќи го на сигурно и го задржил на земја.

Снимката била објавена од канцеларијата на шерифот во округот Нокс, за да се заблагодарат на полицаецот за спасување на животот на момчето.