недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Хенкок бара враќање на карантинот во Лестер

Хенкок бара враќање на карантинот во Лестер

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок вчера изјави дека ќе мора да се вратат строгите мерки на карантин во градот Лестер бидејќи стапката на зараза е повисока во однос на другите делови на земјата.

Додека во другите делови на Велика Британија од 4 јули се ублажуваат мерките за физичко дистанцирање, Хенкок најави дека училиштата и продавниците кои не продаваат артикли од суштинска важност ќе мора да бидат затворени во Лестер и апелираше до граѓаните да не патуваат во и од градот.

– Ваквите одлуки не ги донесуваме лесно, туку во интерес на луѓето во Лестер, истакна Хенкок.

Тој додаде дека минатата недела во Лестер се регистрирани околу 10 отсто од сите позитивни случаи во Велика Британија, истакнувајќи дека седумдневата стапка на зараза во градот била 135 случаи на 100.000 луѓе, што е трипати повеќе во споредба со бројот на заразени во другите градови во земјата.

Парламентарни избори 2020