сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 92
home Вести

Хејстингс: Борис Џонсон е целосно неспособен да биде премиер

Хејстингс: Борис Џонсон е целосно неспособен да биде премиер

Макс Хејстингс, поранешен шеф на Борис Џонсон, остро го критикуваше во колумна објавена во „Гардијан”, изразувајќи верување дека е целосно неспособен за функцијата премиер.

Во текстот, тој го нарекува силеџија и го опишува како личност која се грижи само за себе.

„Ториевците подготвуваат невкусна шега на сметка на Британците. Џонсон не се грижи за ништо друго освен за сопствената слава и задоволство”, пишува Макс Хеистингс на почетокот од колумната.

Тој објаснува дека тој го познава Џонсон од 80-тите, кога го уредувал Дејли телеграф, а Џонсон бил дописник од Брисел.

„Со децении тврдам дека иако бил генијален забавувач, популарниот градоначалник на Лондон, е лош избор за националната канцеларија, бидејќи тој се чини дека тој на ум ја има само сопствената слава и задоволство”, додава тој.

„Не можеме да предвидиме што ќе направи влада на Џонсон бидејќи ни нејзиниот потенцијален лидер не размислува за тоа. Но, неговото „премиерување“ сигурно ќе открие презир кон правилата, преседаните, редот и стабилноста“.

Коронавирус